Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Капело за најголемиот проблем на Гвардиола: Тоа го чинеше титули во ЛШ

Објавено

на

foto:x.com/chirichampions

Трофејниот италијански стручњак, Фабио Капело испрати критики на адреса на сегашниот предводник на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.

Гвардиола сезонава има доста проблеми со неговиот Сити и постои опасност да не освои ниту една титула, но и екипата да остане без место во ЛШ. Овој пад дел од јавноста го очекуваше, а меѓу оние кои не го „мирисаат“ Шпанецот е Капело.

-Го ценам Гвардиола како тренер, направи убави работи. Доживеав три револуции во фудбалот, приближно по една на секои дваесет години: Ајакс на Кројф, Милан на Саки и Барса на Гвардиола. Немам проблем тоа да го кажам.

-Знаете ли што не ми се допаѓа кај Гвардиола? Неговата ароганција. Лигата на шампионите што ја освои со Сити беше единствената каде што не проба ништо чудно во решавачките натпревари. Ама во другите години, во Манчестер и Минхен, во клучните денови, тој секогаш сакаше да биде главен лик. Ги менуваше работите и правеше изуми само за да може да каже: „Играчите не победуваат, јас победувам.“ И таа ароганција го чинеше неколку Лиги на шампиони. Го почитувам, но тоа јасно го гледам, -вели Италијанецот кој се наврати и на минатото во периодот од Рома.

-Никогаш не разговаравме за ништо. Еден ден дојде да ми каже како да си ја работам работата, а јас му одговорив: „Почни да трчаш, а потоа можеш да разговараш.“ Факт е дека тој се шеташе низ теренот, а јас немав намера да го играм него наместо некој што повеќе го заслужува тоа. Тоа беше крајот на дебатата, -обелодени Италијанецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни