Шпанија
Капело за најбрзиот трансфер во неговата кариера: Не ми се веруваше…

Роберто Карлос стана миленик на фановите на Реал Мадрид и му помогна на шпанскиот тим да стигне до голем број трофеи, а неговиот трансфер и натаму е мистерија за тогашниот тренер Фабио Капело.
Италијанскиот стручњак го презема Реал летото во 1996 година и токму Бразилецот беше едно од посакуваните засилувања кои истовремено пристигнаа на „Бернабеу“.
Во интервјуто за „Ел Мундо“, Капело открива дека и денеска се уште не му е јасно зошто Интер се откажал од левиот бек и тоа за смешна цена.
– Само што потпишав за Реал, се уште бев во Милано и добив повик од мојот агент, кој ми кажа дека Интер го продава Роберто Карлос.
– Јас му реков дека тоа не е точно, дека никој не е глупав да продава таков фудбалер. Но, тој инсистираше и ми ја кажа цената која не беше воопшто висока. Му реков дека ќе му поверувам само ако ми прати факс со потврда од Интер за условите за продажба на фудбалерот, а тоа се случи неколку часа подоцна. Дотогаш навистина мислев дека е шега.
– Веднаш му се јавив на Лоренцо Санц (претседателот на Реал Мадрид) и инсистирав да дојде со првиот лет, бидејќи ако се дознаеше дека Интер го продава Карлос, ќе настанеше голема војна. Следното утро договорот беше потпишан и тоа веројатно беше најбрзиот трансфер во историјата. Ваквите потези ја менуваат судбината, фудбалот понекогаш носи несфатливи ситуации, но тоа е така затоа што во него се инволвирани и луѓе кои не ги разбираат работите, – рекол Капело.
-
Игри на среќа24 часа
Евротип: Бомба од тикет за гигантска добивка
-
Свет23 часа
Роналдо со гол број 928, Ал Наср со победа пред своите гледачи (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони12 часа
Ван Бастен зазема страна: Не сум фан на Реал, ниту на Атлетико, но… (Фото)
-
Свет11 часа
Нејмар ќе почека за камбек во националниот тим, неговото место му припадна на играч на Реал
-
Англија23 часа
Галас за потегот на Артета: Тоа покажува дека не е тренер од светска класа
-
Италија8 часа
Виери го објасни својот избор за финале во ЛШ: Не сакам да му правам малери на Интер
-
Англија22 часа
Џонсон со изненадувачки премиерлигашки предизвик за Мурињо: Никогаш не се знае…
-
Германија22 часа
Неверојатно, ама вистинито: Домаќините се радуваат на триумф во Бундеслигата по 19 натпревари (ВИДЕО)