Италија
Капело за најавеното засилување за Милан: Тој е шампион, може да доминира во Италија

Милан сака да го искористи овој зимски преоден рок и да направи промени во играчкиот кадар, односно да донесе свежа крв, а притоа и да се ослободи од дел од играчите.
Токму „росонерите“ се на добар пат да затворат една важна операција и тоа е ангажманот на англискиот репрезентативец, Кајл Вокер. Последните вести се дека се е договорено и дефанзивецот ќе го мина преостанатиот дел од тековнава кампања на „Сан Сиро“. Се работи за позајмица по што Милан ќе има опција да го откупи од Манчестер Сити и тоа со договор до 2027 година.
Ова дефинитивно е важен потег на „црвено-црните“ кои имаа проблеми на таа бековска позиција, па легендарниот Фабио Капело смета дека Милан добива големо засилување.
-Верувам дека Кајл има физички интегритет да доминира во Италија барем неколку години. Тоа го видовме за време на ЕП и пред тоа во Лигата на шампионите. Милан добива шампион. Вокер е бек кој знае да притиска и што е најважно има квалитет во управувањето со топката и во последната третина. Ако е еден од бековите, нема забуна.
-Дополнително, тој носи искуство и лидерство на играч кој освоил работи на највисоко ниво. Мислам дека Гвардиола не би направил некој капитен на тим кој е способен да ја освои Лигата на шампионите, -порача Капело за „Газета Дело Спорт“.
Инаку Капело беше човекот кој му овозможи деби на Вокер во најсилната англиска репрезентација.
-
НБА20 часа
Хиро најдобар „тројкаш“ во Сан Франциско, Вембенјама и Пол си поиграа со Ол-стар правилата и добија дисквалификација (Видео)
-
Шпанија13 часа
Белингам испрати нова порака за вчерашното исклучување и им се извини на соиграчите
-
Шпанија17 часа
Белингам „падна во замката“ за која Роналдо предупреди уште во 2018. година (Видео)
-
Италија15 часа
Фабрегас има „бисер“ во својот тим: Мајсторијата на Нико Паз го „смрзна“ Де Хеа (Видео)
-
НБА20 часа
Ол-стар лудорија: МекЛанг го направи незамисливото и испиша НБА историја (Видео)
-
Шпанија21 час
Анчелоти: Се случија многу чудни работи на последните три натпревари…..
-
АТП14 часа
Вавринка разочаран од одлуката за Синер, екс шпански тенисер застана во одбрана на Италијанецот
-
Италија10 часа
Рома победи со мајсторски слободен удар, Сузуки ја имаше одбраната на сезоната (ВИДЕО)