Италија
Капело за кризата во Јувентус: Џунтоли има голема вина за неуспешната сезона

Фабио Капело редовно ги коментира случувањата на италијанската фудбалска сцена, а за „Скај Спорт Италија“ го потенцирал својот став и по последниот неочекуван пораз на Јувентус од Емполи во четвртфиналето на Купот.
Искусниот стручњак и досега имаше забелешки за тренерот Тиаго Мота, а сега префрлил голем дел од вината за играта на „бјанконерите“ и на спортскиот директор Кристијано Џунтоли.
– Јуве му дозволи на Емполи да напаѓа кога сака, не видовме желба, мотивација и посветеност на фудбалерите.
– Дури и самиот Мота сфати дека играта со поголем посед не носи резултати, Јувентус имаше проблем со секоја екипа која е побрза и помотивирана на теренот, – рекол Капело во анализата за играта на „бјанконерите“.
– Менаџментот направи многу грешки, првенствено Џунтоли, кој има голема вина за неуспешната сезона. Кога се бираат фудбалери, треба да бидете сигурни дека можат да се носат со дресот кој ќе го облечат, Јувентус потроши многу пари но на погрешен начин.
– Тие сите се добри фудбалери, но никој од нив не прави разлика на теренот, – рекол Капело.
-
Репрезентација17 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Светски првенства17 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Англија20 часа
Трент прифатил преселба во Реал, навивачите на Ливерпул бесни: Оставете го на клупа до крајот на сезоната…
-
АТП21 час
Ивановски ги мина квалификациите во Опатија
-
Македонија23 часа
Јандреоски назначен за прв оперативец на ФФМ
-
Репрезентација17 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…
-
Светски првенства8 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)
-
Италија18 часа
Дибала имал успешна операција, оваа сезона е завршена за него!