Светски првенства
Капело за крајот на една ера: „Тика-така“ фудбалот е мртов

Прославениот италијански стратег, Фабио Капело смета дека во Катар се става крај на ерата на „тика-така“ фудбалот.
Шпанија доживеа неуспех и испадна во осминафиналето против Мароко, па Капело на ова гледа како збогум со еден систем кој направи вистински бум и долго време се користеше, даваше резултат пред се за „црвената фурија“ и Барселона.
-Нема повеќе „тики така“, нема повеќе „лажна деветка“. Шпанија тоа го покажа. Тоа е формула која може да функционира во одредени ситуации и некои натпревари, но не како систем. Присуството на централен напаѓач е клучно, -рече Капело и додаде:
-Кога поседот не е проследен со брзина, играта станува непродуктивна. Фудбалот и стилот на Пеп Гвардиола еволуираа за 10 години, а не треба да заборавиме дека Барселона тогаш во најдобрите години ги имаше Лионел Меси и Андрес Иниеста – заклучи дон Фабио.
-
Светпред 20 часа
Фановите на Реал на големо ја прославија победата на Ал Хилал: Причина е Артуро Видал (Видео)
-
Шпанијапред 11 часа
Најдобриот играч на Реал од првиот дел од сезоната: Доживеав пад, не сум истиот по мундијалот
-
Италијапред 19 часа
Демирал ќе собира финансиски средства со дрес од Роналдо: Разговарав со Кристијано (Фото)
-
Италијапред 20 часа
Влаховиќ го прекина долгиот пост од месец октомври и донесе победа за Јувентус (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Рио тврди: Бруно не можеше да се конектира со Роналдо, сега добро гледаме…
-
Шпанијапред 4 часа
Чуамени ги разочарал одговорните во Реал по враќањето од мундијалот
-
НБАпред 11 часа
ЛеБрон го собори рекордот на Абдул-Џабар, Лејкерс загубија во историската ноќ (Видео)
-
Шпанијапред 21 час
„Марка“ демантира: Перез точно знае кога ќе одлучува за иднината на Анчелоти