Поврзете се со нас

Италија

Капело за караницата меѓу Жозе и Касано: Немаше никогаш да ми текне на играчот кој го кажа Мурињо

Објавено

на

Foto:twitter.com/ASRomaEN

Антонио Касано и Жозе Мурињо влегоа во вербална „војна“ која ја започна поранешниот италијански напаѓач, а во која се приклучи и искусниот португалски стручњак кој не можеше да одолее на честите јавни прозивки.

Тренерот на Рома навистина дрска му одговори на Касано и му порача дека не забележал никаков успех во етапите во Рома, Реал и Интер, но за крај потсети дека голгетерот изел и ќотек од Марко Ливаја, порадишто треба да внимава со кого се пресметува во јавноста.

Оваа изјава на Жозе брзо стана хит во Италија, а за јавната препирака која ја имаат двете познати имиња се јави и Фабио Капело кој сепак реши да биде неутрален и не избра страна.

– Мурињо и Касано? Не сакам да бидам вклучен во контроверзи, сакам да останам подалеку од тоа. Читам, слушам што се случува и се забавувам. Добро го познавам Антонио, го тренирав, но го познавам и Жозе и добро би размислил пред да кажам нешто лошо за него.

– Пред да каже нешто такво за Мурињо, Касано треба да се посоветува со некого, некој кој би му помогнал во истражување. На пример, Мурињо го спомена Ливаја, играч на кој никогаш немаше да ми текне, воопшто и не ми текна на него, – изјави Капело.

Мурињо дрско му одговори на Касано: Во Мадрид го паметат по јакната, а во Интер…..

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни