Поврзете се со нас

Европски првенства

Капело за Италија: Ќе видиме како ќе биде…

Објавено

на

foto: x.com/Azzurri_En

Италија ја оправда улогата на фаворит и славеше над Албанија со 2-1 во последната средба од вчерашата програма на 17. Европско првенство.

Избраниците на Лучијано Спалети доживеаа шок на стартот, потоа експресно го свртеа резултатот во своја полза, но и промашија неколку шанси да отидат на плус два, три и да го решат прашањето околу победникот.

Во вториот дел Италија не беше толку активна, остана само со минимална предност и на крајот за малку ќе ја платеше цената и ќе останеше без целиот плен.

Сега следат соочувањата со Шпанија и Хрватска, па легендарниот Фабио Капело со нетрпение ги очекува тие битки за да има далеку појасна слика за овој состав на „аѕурите“.

-Кога пред нас ќе имаме противници од различен калибар од Албанија, ќе видиме како понатаму. Зависи од тоа дали имаме брзина, сè уште не сум видел дали нашите дефанзивци се брзи, -вели Капело.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни