Поврзете се со нас

Италија

Капело за главниот фаворит за Скудетото: Тие може да имаат само еден проблем…

Објавено

на

foto:www.facebook.com/SerieA

Интер на доминантен начин дојде до пехарот во италијанската Серија А во натпреварувачката 2023/2024, титула број 20 во најсилната фудбалска конкуренција на „чизмата“.

Секако ова не им гарантира на „нероаѕурите“ дека ќе доминираат и во новата кампања и пример за тоа е Наполи кој по една брилијантна година се распадна во минатата каде не помогнаа повеќе тренери за да се врати тимот на победнички патеки.

Сепак Фабио Капело не верува дека едно такво сценарио ќе му се случи на Интер кого сепак го гледа како број еден, тим кој ја има пол позицијата за Скудетото.

-Симоне Инѕаги е во пол-позиција затоа што Интер е силен и додаде двајца силни играчи како Тареми и Зелински. За разлика од Милан и Јувентус, повторно почнуваат со истиот тренер. Единствениот проблем за „нероаѕурите“ е што можеби мислат дека се премногу добри, со оглед на тоа што доминираа минатата сезона, -вели дон Фабио за „Газета Дело Спорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни