Свет
Капело за дебелиот „Феномен“: Реал имаше среќа што го „шутнав“ Роналдо, мораше да биде продаден

Фабио Капело беше специјален гостин на празничното издание на „Марка“, медиум кој одржува спортски викенд во Малага и од кој дел се многу познати имиња од спортскиот свет.
Покрај изјавата на Роналдињо кој му препорача на Меси да направи кам-бек во Барселона, за издвојување и е обраќањето кое го имал Фабио Капело, кој како и обично во свој стил коментирал една од најважните одлуки кои ги донел во Реал Мадрид.
Капелот беше тренерот кој го избрка Роналдо Назарио од Реал Мадрид, односно му овозможи на Милан да го ангажира и да го донесе за симболична отштета во тоа време.
– Реал имаше среќа што го „шутнав“ Роналдо. Реал имаше среќа што го пушти да си оди. Не, ова не е шега, го мислам сериозно. Зборував со претседателот и му порачав да го избрка од тимот. Тежеше 94 килограми и бев искрен со него. Тој тежел 84 килограми кога го освоил Светското првенство во 2002-ра година.
– Му реков дека со 94 не може да игра фудбал, барав од него да ослабне, но не го правеше тоа. Многу сакаше да излегува, ги сакаше жените, но со него излегуваа и другите играчи. Моравме да го продадеме Роналдо и тоа беше вистинскиот потег. Всушност, тој имаше договор со некој арапски клуб, но потоа ми се јави Берлускони и ме праша за Роналдо? Јас му реков да не го купува, му кажав дека сака да излегува и дека ги сака жените, му потенцирав дека тежи 94 килограми. Следниот ден „Газета“ осамна со насловна „Роналдо доаѓа во Милан“, – открива Капело.
-
Англијапред 23 часа
Супер компјутер ја предвиде завршната табела во Премиер лигата (ФОТО)
-
Шпанијапред 22 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка
-
Италијапред 23 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Англијапред 20 часа
Тен Хаг брутално искрен за играч на Јунајтед: Не беше на потребното ниво и го изгуби местото
-
Англијапред 22 часа
Гвардиола искрен за една ѕвезда на Сити: Не успеав да го извлечам најдоброто од него
-
Англијапред 21 час
Артета остана без најважниот офанзивен играч: Колку и да внимаваме…
-
АТПпред 12 часа
Алкарас за првото место на Ѓоковиќ: За тоа размислувам на секој тренинг и турнир…
-
Германијапред 22 часа
Фановите на Баерн испратија порака прекинувајќи го куп дуелот со тениски топчиња (Видео)