Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Капело: Внимавајте на овој Реал Мадрид

Објавено

на

Фабио Капело во својата последна анализа на настаните во Лигата на шампионите вели дека екипите со најквалитетни состави обезбедиле пласман во следната рунда и испрати комплименти за Зинедин Зидан и Реал Мадрид.

Поранешниот тренер на Реал смета дека шпанскиот состав е посебно опасен оваа сезона, иако не е прв фаворит за трофејот во европското натпреварување.

– Фудбалерите на Реал одлично знаат кога треба да ја освојат топката на теренот.

– Младите фудбалери зреат, а не заборавајте дека во Реал притисокот секогаш е голем. Екипата игра добро, а Зидан одлично ја оформува, по што обезбедува мирен настап на натпреварите.

– Со ваква одмереност во играта и без навивачи на стадионите, секој треба да се плаши од овој Реал Мадрид. Зидан уште еднаш докажа дека е тренер кој може да извади максимум од секој фудбалер, има талент и лидерски способности, – изјавил Капело.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни