Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Капело типува на Интер: Гвардиола е добар тренер, но…….

Објавено

на

Фабио Капело како прославен и искусен фудбалски стручњак има важен збор во студиото на „Скај Спорт Италија“, медиум за кој сега направи најава на големото финале на неколку часа пред самиот старт на мечот во Истанбул.

Легендарниот Дон Фабио како страствен Италијанец го поддржува тимот од Серија А, па дури смета дека Интер има добри шанси да му зададе тежок удар на Пеп Гвардиола.

Капело е убеден дека Сити и тоа е како ранлив на еден единствен натпревар, а доказ за тоа добил и на ФА Куп финалето на „Вембли“, каде Сити според него одиграл само 25 добри минути.

– Имам голема верба во Интер пред мечот. Сити кој го гледав против Јунајтед играше фудбал 20 или 25 минути. После тоа, имаа драматичен пад. Сметам дека Гвардиола имаше исто чувство и затоа им даде два дена пауза на играчите. Интер ако биде уреден и внимателен, ќе му создаде многу проблеми на овој Сити. Гледано само по квалитетот, Интер има еден од најдобрите тимови во Европа, навистина сум убеден во тоа и се надевам дека Сити ќе има криза на физички план.

– Кога Гвардиола зборува, испаѓа како тој да проповеда. Кога тој збори, сите го слушаат. Тој е добар тренер, но има среќа што работи со шеиците. Секогаш кога има една желба во глава, таа му се исполнува. – вели Капело за Пеп, а за крај се става во негова кожа и открива каков говор би подготвил за ѕвездите на Сити кои немаат освоено трофеј во ЛШ.

– Момци, имаме многу за игра вечерва, мора да тргнеме настрана се што направивме досега и да покажеме дека сме најдобар тим во светот. Излезете на теренот и играјте како да сте на тренинг, – завршува Дон Фабио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни