Капело сугерира дека имало бунт против Анчелоти: Не е коинциденција што Баерн почна да игра многу подобро под водство на Хајнкес

karlo-faten-za-glava

Само што го искритикува Леонардо Бонучи, Фабио Капело ги нападна играчите на Баерн Минхен во врска со отказот на тренерот Карло Анчелоти.

Баварците се прошетаа до титулата во Бундеслигата во првата сезона со Анчелоти, но неговиот престој на „Алијанц Арена“ го следеа гласини дека клучните играчи не биле среќни со неговите методи. Малку послабиот старт на сезоната кулминираше со поразот од 3:0 од ПСЖ во Лигата на шампиони, кој што ја запечати судбината на италијанскиот тренер во Баерн.

 

Ветеранот Јуп Хајнкес дојде на неговото место и под негово водство клубот има само ееден пораз во сите натпреварувања.

Капело сугерираше дека тоа не е коинциденција и верува дека тимот на Баерн едноставно не сакал да игра под водство на неговиот сонародник.

– Хајнкес е назад на клупата и сите се прашуваат како успеа веднаш да го стави тимот под контрола. Мислам дека играчите ги презедоа работите во свои раце. Тренерот може да направи многу работи, но ако играчите не сакаат да дадат малку екстра, како што не даваа за Анчелоти, тогаш настанува војна. Тие се бореа со него, сакаа да си замине. И сега, за да покажат дека Хајнкес е вистинскиот човек, даваат сè од себе – изјави Капело за „Скај Германија“.

Facebook Коментари