Поврзете се со нас

Шпанија

Капело со заклучок: Партнерството меѓу Мбапе и Винисиус Жуниор не функционира

Објавено

на

Килијан Мбапе ја игра својата прва сезона во таборот на Реал Мадрид, сезона во која има подеми и падови, сезона во која можеби не блеска и го има влијанието кое го посакуваа сите на „Бернабеу“, меѓутоа 27 погодоци на 40 натпреварi покажуваат дека досегашните настапи се далеку од лоши и за потценување.

Винисиус Жуниор пак од друга страна на 36 мечеви има 17 гола со 10 асистенции, учинок за почит, но според легендарниот Фабио Капело кој во два мандати го водеше Реал ова партнерство не функционира.

-Мбапе и Винисиус Жуниор играат на иста позиција, се газат еден со друг и не играа добро. Како поединци, тие можат да го прават она што другите не можат во тесни простори и да прават работи за кои никој друг не размислува, но тоа не е хармонијата на тимската игра.

-Реал Мадрид е тим на галактикоси во напаѓачката линија, со проблеми во средниот ред по заминувањето на Тони Крос минатото лето, а имаат и проблеми во одбраната со многу повреди, -истакнал дон Фабио за „ФлешСкор“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни