Италија
Капело со совет до Фонсека: Нека го анализира првото полувреме
Милан покажа две лица на гостувањето во Германија и на крајот не доби награда за доброто второ полувреме кое го одигра на „БајАрена“, но според легендарниот Фабио Капело, тоа е заслужена казна за ужасниот прв дел кој го имаа избраниците на Пауло Фонсека.
Португалскиот стручњак се жалеше за лошата реализација и недосудениот пенал во судиското продолжение, но Дон Фабио го советува да ги анализира првите 45 минути, во кои според него, тимот на Фонсека воопшто не се појавил на теренот.
– Милан имаше важни шанси во вториот дел, но тоа се случи дури откако Баер постигна гол. Тимот на Фонсека се разбуди дури откако прими гол. Треба да сфатат дека не смеат да реагираат дури откако ќе примат гол.
– Да сум тренер како Фонсека, би го анализирал првото полувреме пред се останато. Треба да се разбере зошто играчите се однесуваа како да не се на теренот, зошто му дозволија на Леверкузен да биде толку доминантен и да има толку шанси.
– Тоа што немаа негатива на полувреме беше вистинско чудо. Овој тим на Милан ми остава многу сомнежи, имаа проблеми на крилата и можеби Фонсека треба да размисли со формација во која ќе игра со тројца играчи за врска, – вели Капело.
-
Италијапред 19 часа
Фабрегас му симна капа на еден играч на Наполи: „Мама миа“, каков фудбалер!
-
Англијапред 21 час
Ридигер: Само двајца стопери можат да го чуваат Халанд во Премиер лигата
-
Италијапред 22 часа
МекТоминеј постигна гол после 25 секунди, Конте почна да ужива во Неапол (Видео)
-
Италијапред 20 часа
Погба со едноставна објава означи победа во „допинг војната“ (Фото)
-
Англијапред 10 часа
Пацерски автогол за фудбалските анали: Голманот на Лидс направи невидена глупост во 97. минута (Видео)
-
Италијапред 8 часа
Конте изненаден од својот Наполи: Да ми кажуваше некој пред три месеци…
-
Шпанијапред 23 часа
Анчелоти детектирал два проблеми со своите играчи од Реал: Свесни сме што треба да направиме
-
Францијапред 22 часа
Евра: 99 проценти е сигурно дека Погба нема да го облече дресот на Јуве, јас веќе му се јавив на Бенатија