Поврзете се со нас

Италија

Капело со рана прогноза за новата сезона во Серија А: Интер нема да ја одбрани титулата, фаворити се три други тима

Објавено

на

foto:www.facebook.com/SerieA

Фабио Капело не штедеше пофалби за Интер и во неколку наврати порача дека Симоне Инѕаги има еден од најдобрите средни редови во светот, но откако импресиите од освоената титула полека спласнаа, експертите почнаа да даваат прогнози и за наредната сезона.

Искусниот Капело излезе со една рана прогноза за новата кампања во италијанската елита и типува дека Интер нема да ја одбрани титулата, заклучувајќи дека сега главниот збор ќе го имаат три тима во кои се очекуваат големи промени.

Дон Фабио очекува нов исчекор од Милан кој заврши втор оваа сезона, но верува дека Јувентус и Наполи исто така ќе бидат сериозни кандидати за титулата со новите тренери Тиаго Мота и Антонио Конте.

– Мислам дека Интер нема да повтори иста сезона и нема да ја одбрани титулата. Од друга страна, на главни протагонисти за титулата гледам во Милан и во Јувентус.

– Тука е и Наполи. Конте има интернационално искуство и доаѓа во вистинско време во клубот. Докажа дека е победник, а предност ќе му биде тоа што Наполи ќе може да се фокусира само на натпреварите во Серија А, – заклучи Капело.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни