Италија
Капело со нови критики за Милан: Голманот имаше најмногу контакти со топката
Милан вчера успеа да неутрализира добар дел од препознатливите квалитети на Аталанта, но сепак загуби на гостувањето во Бергамо и веќе заостанува 12 бодови зад составот на Џан Пјеро Гасперини.
Тренерот Пауло Фонсека не го криеше разочарувањето од судиите, но неговиот повозрасен колега и поранешен тренер на Милан, Фабио Капело испратил многу критики за „росонерите“.
– На овој натпревар не ја видовме најдобрата верзија на Аталанта, Милан им дозволи малку простор. Сепак постигнаа два гола по прекин, што е уште еден позитивен знак, тие се борат како лавови.
– Најдобар пример за тоа е голот на Де Кетелар, ситуација во која Тео Ернандес беше премногу пасивен. Очигледна е разликата во мотивацијата и однесувањето на теренот меѓу двете екипи.
– Милан направи премалку, посебно по излегувањето од игра на Пулишич. Повторно беа лошо поставени, голманот Мењан имаше повеќе контакти со топката од соиграчите. Дури и кога ја имаа топката, повеќе задржуваа време од што беа креативни, а шутнаа само два пати кон противничкиот гол.
– Тука беа и индивидуалните грешки, на пример таа на Емерсон Ројал за голот на Лукман. Некој треба да му каже на Бразилецот едно старо фудбалско правило, во шеснаесетникот покриваш човек, а не топка, дури и кога се игра зонска одбрана, – истакнал Капело.
-
Светски првенства22 часа
Николов и Начевски ја добија првата задача на СП
-
Светски првенства10 часа
Пешевски ветува: Ова е само почеток, ќе гледате уште поборбена Македонија!
-
Светски првенства11 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!
-
Англија24 часа
Клоп со совет до Ливерпул за ситуацијата со Салах: Тој е најдобриот…
-
Италија19 часа
Поразителни бројки за „бјанконерите“: Овој Јувентус е далеку послаб од минатата сезона
-
Шпанија10 часа
Јамал правеше чуда, Барселона испука „петарда“ и во мрежата на Бетис (Видео)
-
Македонија22 часа
РФМ и клубовите се збогуваат со Јовиќ: Загубивме вреден спортски работник…
-
Англија21 час
Гвардиола ја објасни „кавгата“ со голманот Ортега по ремито со Брентфорд (ВИДЕО)