Поврзете се со нас

Италија

Капело со критики за Мота: Не се прави револуција на натпревар како тој со Бенфика

Објавено

на

Фото: https://www.instagram.com/_fbcp

Фабио Капело ја анализирал ситуацијата во Јувентус и посебно последниот пораз од Бенфика во Лигата на шампионите, префрлувајќи најголем дел од вината на тренерот Тиаго Мота.

Искусниот стручњак смета дека помладиот колега не може да биде единствен виновник, посебно не за направените трансфери, но сепак повлекол погрешен потег на дуелот со Бенфика, кој имаше сериозно значење во однос на позицијата во првата фаза на Лигата на шампионите.

– Направи шест промени во тимот и ги постави фудбалерите на неприродни позиции.

– Тука мислам на Веа, МекКени, Јилдиз… очигледно е дека екипата не игра на начинот на кој што посакува тренерот. Тој мора да го разбере тимот и да го подреди врз основа на играчите со кои располага.

– Зошто направи револуција на толку важен натпревар? Како тренер, тоа не можам да го разберам. Инѕаги прави ротации на сите натпревари, но во средата го изведе најсилниот тим на Интер, – изјавил Капело.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни