Италија
Капело со критики за Консеисао: Ова не е нормално…

Славниот италијански стратег, Фабио Капело даде свој коментар за инцидентот меѓу Серџо Консеисао и Давиде Калабрија, тренерот и капитенот на Милан кои се судрија по драматичната победа на екипата над Парма.
„Црвено-црните“ со два гола во судиското продолжение направија пресврт и дојдоа до славје од 3-2, но наместо да се говори за тоа и карактерот, борбеноста која одново составот од Милано ја покажа, во фокусот е Консеисао кој се „исклучи“ и му се нафрли на Калабрија, ситуација која можеше да ескалира ако двајцата не беа разделени на теренот.
Златан веднаш реагирал: Ибрахимовиќ го решил проблемот меѓу Консеисао и Калабрија
-Не е нормално да се види како тренер се нафрла на ваков начин, против свој играч пред сите. Секако дека добивате расправии во фудбалот, понекогаш тешки, јас сум првиот што го знае тоа, но тоа мора да биде внатре, во соблекувалната, а не пред камерите. Двајцата виновници го намалија тоа во интервјуата по натпреварот, но јас останувам убеден дека ситуацијата беше симптом на некои очигледни тензии и повеќе од се, покажува малку нервоза од тренерот, -рече Капело и додаде:
-Мислам дека тоа произлегува од неговата тешкотија да го натера тимот да го следи. Милан не го прави тоа што го бара тренерот. Тие не притискаат доволно кога ја губат топката, не се агресивни, немаат лутина и конкурентност да победат. Може да се каже дека „росонерите“ донесоа дома пет победи од седум натпревари со Консеисао, но тие беа во минус и се враќаа во четири наврати. Тоа е тим кој реагира, наместо да дејствува, -порача дон Фабио за „Газета Дело Спорт“.
-
Лига на шампиони17 часа
Агуеро си игра со оган: Ако Реал го победи Сити…
-
Лига на шампиони15 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Шпанија23 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Италија21 час
Колина побара промена на едно важно пенал правило и привлече големо внимание во јавноста
-
Франција23 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
Англија24 часа
Сколс ги посочи најранливите позиции: Потребни се пет нови стартери во Јунајтед
-
НБА22 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)
-
Англија16 часа
Сколс за премиерлигашката ѕвезда: Тој треба да оди во подобар и поголем клуб од Арсенал