Поврзете се со нас

Европски првенства

Капело: Швајцарија има се што е потребно за да ни создаде проблеми

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/nati_sfv_asf

Фабио Капело и натаму ги анализира случувањат на ЕП за „Газета дело Спорт“, а очекувано сега главна тема му било осминафиналното соочување на Италија со Швајцарија.

Италијанскиот стручњак смета дека „азурите“ имаат се што е потребно за да одат во следната фаза, но истовремено предупредува за квалитетите на противникот.

– Ги гледав натпреварите на Швајцарија и сметам дека потценувањето на оваа репрезентација би било голема грешка.

– Имаат се што е потребно за да ни создадат проблеми, започнувајќи од нивниот однос на теренот.

– Тие се црвсти, скромни, практични и играат едноставно, па ако нешто сфатив од ова ЕП е дека репрезентациите кои играат наједноставно, најлесно стигнуваат до посакуваните резултати.

– Начинот на кој играат Џака и Фројлер е објаснување за карактерот на целиот тим. Секогаш подготвени за акција и пожртвуваност, со што ги мотивираат сите соиграчи да си помагаат еден на друг, – рекол Капело.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни