Поврзете се со нас

Италија

Капело прозва една ѕвезда по хаотичниот период во Милан: Време е да стане маж и да стави крај на детските каприци

Објавено

на

foto:www.facebook.com/SerieA

Милан тргна многу лошо во ерата на Пауло Фонсека и се уште нема освоено бод во Серија А, но далеку полоша слика оставија двете големи ѕвезди на тимот, кои одреагираа крајно непрофесионално на дербито против Лацио.

Тео Ернандес и Рафаел Леао не беа дел од тимскито „тајм-аут“ и целосно го изигнорираа португалскиот стручњак, па сето ова направи Милан да се гледа под „лупа“ во Италија.

Фабио Капело како легендарен стручњак и актуелен аналитичар редовно дава коментари за случувањата во италијанската елита, а движењата во Милан во последно време го натераа да испорача низа критики, од кои најголемата е за Рафа Леао.

– Милан има проблем со организацијата од минатата сезона и ништо не е променето. Играчите мора да реагираат и да го понудат тоа што се бара од нив. После глупоста која ја направија Тео и Леао, сега мора да покажат дека се сплотена и избалансирана група.

– Во изминатава година, се што се случува во Милан се препишува како грешка на Леао. Иако не е така, морам да признаам дека тој не помага да се промени таквиот став со своето однесување. И натаму сметам дека тој е единствениот кој може да креира опасност. Време е да стане маж и да стави крај на детските каприци, – вели Капело.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни