Поврзете се со нас

Италија

Капело пред дербито Јувентус-Милан: Кој ќе изгуби…

Објавено

на

Новата 35. рунда во Серија А ни го носи вечното дерби меѓу Јувентус и Милан, два великани кои сезонава не се борат за пехарот тука за Топ 4 пласман, односно место во Лигата на шампионите.

Јувентус како и Милан имаат по 69 поени и секој кикс до крајот на шампионатот може скапо да чини со оглед на тоа што петтопласираниот Наполи има 67, а Лацио 64 и еден натпревар за доигрување што значи и лацијалните можат да влезат во жестока битка за елитното натпреварување.

Искусниот и трофеен стратег Фабио Капело многу добро знае колку е значаен мечот меѓу „старата дама“ и „росонерите“, па во пресрет на истиот порача:

-Кој ќе изгуби ќе биде во аут. Не е во прашање само битката, мислам дека психолошките последици од поразот ќе бидат многу тешки. Не им оди добро во моментов, тие се тимови со најмногу проблеми, пораз во директниот дуел ќе биде удар, -вели Капело за „Кориере Дела Сера“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни