Капело посочи кои клубови ќе ја водат главната битка за пехарот во Серија А

kapelo

Искусниот италијански стратег, Фабио Капело кој во својата кариера го освојуваше Скудетото како играч и менаџер даде прогоноза околу тоа кој ќе ја води главните битка за пехарот во оваа кампања во Серија А.

Капело кој веќе одредено време е без ангажман верува дека актуелнава сезона ќе биде многу израмнета и во истата три клубови ќе се издвојат за самиот врв и тоа Јувентус, Наполи и Интер.

-Гледам дека битката за титулата ќе биде меѓу три клуба Јувентус, Наполи и Интер. Во секој случај, тоа ќе биде возбудливо и избалансирано првенство, бидејќи пристигнаа играчи кои ја кренаа летвичката и квалитетот на натпревувањето кое започна да опаѓа во последните години, -истакна Капело.

Facebook Коментари