Капело посочи каде го гледа Лампард во иднина

frank-lampard

Искусниот и трофеен италијански стратег, Фабио Капело верува дека легендата на Челси, Френк Лампард во иднина може да биде селекторт на Англија.

Лампард од оваа сезона е на кормилото на Челси и засега одлично ги води „сините“ кои играат на високо ниво во сите натпреварувања.

-Не знам, веројатно еден ден ќе ја води Англија…тој тоа го може. Се разбрира, започна без страв и ги става младите играчи на теренот, -вели Капело и додава:

-Го следам. Ги гледам сите натпревари и бев вознемирен на стартот на сезоната кога ги загуби натпреварите и тимот не играше добро. Сега резултатите се добри и позицијата е добро и без активности на трансфер пазарот, -заврши Италијанецот.

Facebook Коментари