Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Капело: Ова ќе биде тешка сезона за Барселона

Објавено

на

Поразот на Барселона од Баерн Минхен ги загрижи фановите на шпанскиот клуб, кои одамна не виделе толку бледо и безидејно издание на својот омилен тим.

Искусниот италијански стручњак Фабио Капело не штедел критики на сметка на тимот на Роналд Куман во изјавата за италијански медиум, потенцирајќи дека Барса очигледно ќе има тешка сезона.

– Барселона обично имала толку квалитетни фудбалери што гостувањето кај оваа екипа ни создаваше сериозни главоболки.

– Вчера тие не успеаја да испратат ниту еден удар во рамките на противничкиот гол, имаше посветеност, но не и доволно квалитет да се направи нешто повеќе.

– Ако немате удар кон голот, тоа значи дека не поседувате физичка и техничка способност да креирате опасни ситуации. Ова очигледно ќе биде тешка сезона за Барселона, – изјавил Капело.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни