Италија
Капело објасни што му е потребно на Интер за да ја одбрани титулата во Серија А

Интер беше најдобра италијанска екипа во минатата сезона, па целта во оваа натпреварувачка кампања е на остане на врвот во Калчото.
„Нероаѕурите“ се во добра позиција и со 44 бода се на второто место на табелата зад Наполи со 47 со тоа што имаат натпревар помалку од поранешниот тим на Елиф Елмас. Меѓутоа клубот од Милано во последно време покажува слабости, остана без трофејот во Супер Купот на Италија, загуби бодови во пресметката со Болоња (2-2), а ја доби Венеција со само еден постигнат гол.
Фабио Капело се уште смета дека момците на Инѕаги се први фаворити за пехарот, но воедно смета дека некои работи мора да се поправат ако Интер сака да додаде уште едно Скудето во клупските витрини.
-Интер е најдобриот тим во лигата и ова не се промени по бавниот почеток на 2025 година. Сепак, останува да се види дали тие се уште имаат желба да играат како порано пред Ријад, вложувајќи го истиот интензитет и спремни да доминираат. Во последно време тие беа повеќе ориентирани кон одбрана и контранапад. Интер порано ги притискаше противниците, но сега се брани со низок блок. Она што им треба е желбата да ја освојат топката високо на теренот, -рече Капело притоа издвојувајќи двајца играчи.
-Секогаш сум велел дека Чалханоглу е клучен играч, лидер кој го тера целиот тим да се движи брзо. Димарко е исто така клучен играч бидејќи секогаш ја става вистинската топка во последните 30 метри, -порача дон Фабио за „Газета Дело Спорт“.
-
НБА16 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија24 часа
Марсело со емотивно видео објави крај на кариерата: Мадридизмот не се опишува со зборови
-
Италија14 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Англија14 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Англија23 часа
Јоро откри каква Ватсап подготовка добиваат дефанзивците од Аморим пред секој натпревар на Јунајтед
-
Шпанија6 часа
Ханси Флик за една своја ѕвезда: Тој не се споредува со ниту еден друг играч во светот
-
Шпанија22 часа
Капитен на шпански прволигаш оди на принудна пауза поради тешка болест: Ми се врати ракот (Видео)
-
Франција21 час
Луис Енрике: Ви реков дека ќе бидеме подобри во одбрана и во напад без Мбапе!