Поврзете се со нас

Италија

Капело објасни како Де Роси направил голем пресврт во резултатите на Рома

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialASRoma

Навивачите на Рома уживаат во настапите и резултатите на екипата откако Даниеле Де Роси го замени Жозе Мурињо на тренерската позиција, а последната жртва на „волчицата“ беше Брајтон во натпревар од нокаут фазата на Лига Европа.

Де Роси направи голем пресврт во однос на резултатите и Рома со право очекува да се бори и за Топ 4 пласман во Серија А, а Фабио Капело се обидел да објасни како младиот стручњак успеал да го „разбуди“ тимот во кој има многу квалитетни играчи.

– Де Роси стави крај на шпекулациите и контроверзите по медиумите, им ја врати самодовербатра на Паредес, Ел Шарави и Пелегрини и тие играат како препородени, а му се исплатеше и храбриот потег со форсирањето на Свилар на голманската позиција.

– Нормално, тоа се само дел од причините, тука треба да додадеме и малку среќа која е секогаш потребна, како и одличната форма на фудбалери како Дибала и Лукаку.

– Де Роси го наследи Мурињо без никаков страв и со самоувереност дека знае што треба да направи. Погледнете ја екипата и знаете дека успеал во тоа, – рекол Капело.

Поранешниот италијански тренер имал свој коментар и за ситуацијата со Мурињо, односно зошто Рома имала послаби резултати додека Португалецот ја водеше од клупата.

– Можеби дел од фудбалерите не се чувствуваа добро под водство на Мурињо, очигледно таа конекција меѓу играчите и тренерот исчезна последниот период под водство на Жозе. Де Роси успеа да ја врати таа конекција, а сето ова го зборувам со голем респект кон Мурињо, го сметам за тренер кој му дал многу на фудбалот, – рекол Капело.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни