Поврзете се со нас

Италија

Капело не го оправдува заштитничкиот однос на Ибра: Тео секогаш го прави истото

Објавено

на

Златан Ибрахимовиќ меѓу првите застана во одбрана на Тео Ернандес и нагласи дека левиот бек не сакал да симулира пенал на натпреварот ротив Феенорд, момент кој на крајот се покажа како клучен за елиминацијата на Милан.

Французинот го остави тимот на цедило бидејќи доби втор жолт картон од Марчињак, а холандскиот преставник во продолжение израмни и се пласираше во осминафиналето во Лигата на шампионите.

Италијанската јавност изврши голем притисок врз Ернандес и го посочи како главен виновник за болната елиминација, па Ибрахимовиќ како главен директор на клубот водеше и дебата во живо со Фабио Капело.

Златан имаше спротивен став од оној на легендарниот стручњак, кој преку обраќањето за „Скај Италија“ нагласи дека Тео не го прави ова првпат на фудбалскиот терен.

– Кога говориме за вториот жолт картон на Тео, тој може да дава објаснувања, но реалнсота е дека тој секогаш ги прави овие работи, нели Златан? Тој секогаш се фрла во шеснаесетникот, а овојпат наиде на ригиден судија кој му даде втор жолт картон. За мене, најлошата работа не е фрлањето, за мене полоша е глупоста која ја направи во првото полувреме кога го влечеше противникот, – порача Капело, на што Ибра возврати.

– Кога се случуваат вакви работи, секој може да каже дали е фер, или не. Тео не е глумец, тој ја играше својата игра. При првата опомена го повлече противникот за дрес, но такви работи се секојдневие во фудбалот, – изјави Ибра, кој беше заштитнички настроен кон својот фудбалер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни