Поврзете се со нас

Европски првенства

Капело направи анализа и посочи две работи кои и се потребни на Италија на ЕП

Објавено

на

foto:www.facebook.com/SerieA

Италија ја совлада Босна и Херцеговина со 1-0 во последниот тест пред Европското првенство на кое „аѕурите“ ќе ја имаат улогата на бранители на пехарот.

Италијанците не блескаа на двата завршни меча пред шампионатот, одиграа без голови против Турција, а вчера многу тешко ја добија БиХ што е јасен показател дека некои работи ќе мора да се подобра, променат затоа што избраниците на Спалети се во „групата на смртта“ во која се уште Шпанија и Хрватска, плус никако не смее да се потцени и борбената Албанија.

-Победата од 1-0 над Босна ни овозможува да одиме во Германија со уште две работи. Ќе ја браниме титулата во 2021 година со стилот на Донарума  на Вембли и Фратези подготвен да погоди како стартер или замена – нема да има разлика, -вели Фабио Капело кој смета дека на Италија и е потребна интензвност и храброст.

-Останатото, сепак, остава простор за некои размислувања. Вистина е дека победувањето помага да се победи, но имам чувство дека на една недела од дебито на ЕП, има уште работа. Спалети имаше малку време да го обликува тимот како што сака, а тоа беше евидентно вчера. Сè уште нема јасен идентитет и одбранбената координација не функционираше секогаш. Само одличниот Џиџио [Донарума] избегна удар со две одлични одбрани.

-Интензитетот сè уште не е оној што се бара на меѓународен турнир. Првата мисија ќе биде да се подигне пред дебито против Албанија во сабота. Отсега натаму, ќе се среќаваме со противници кои одат многу побрзо од она што го направија „аѕурите“ на овие натпревари. Затоа, ќе ни треба похрабра Италија од онаа што ја видовме на Кастелани, -додава Фабио кој се надева дека Барела ќе ја направи разликата.

-Мора да бидеме задоволни со резултатот и да бидеме самоуверени. Можеме да се подобриме и ако го направиме тоа брзо, можеме да се забавуваме. Врвen играч е на клупата, а како поранешен селектор можам да кажам дека е подвиг да се обликува репрезентација за кратко време. Спалети беше одличен во квалификациите за ЕП и се обиде да ги пренесе своите идеи на тимот. Ако играчите го следат и покажат поголема храброст, ќе може да се сонува, заклучи дон Фабио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни