Поврзете се со нас

Италија

Капело: Наполи повлече одличен потег, но Конте има еден потенцијален проблем

Објавено

на

Foto:twitter.com/SpursOfficial

Фабио Капело го анализирал последниот потег на Наполи, односно ангажирањето на Антонио Конте за нов тренер, при што истакнал дека клубот донел одлично решение со договарањето на трофејниот стручњак.

Сепак, искусниот Капело смета дека постои и еден потенцијален проблем за Конте во Неапол и тоа ќе биде голем тест за тренерот, но и раководството на клубот.

– Мислам дека Конте е вистинскиот човек да го врати Наполи на врвот во Серија А.

– Тој мора да ги разбуди фудбалерите кои подзаспаа по големиот успех, а речиси сигурно е дека Конте ќе им ја врати агресивноста и гладта за победи и освојување трофеи.

– Единствениот проблем за Конте е како ќе успее да работи во комбинација со Аурелио Де Лаурентис, тоа е најнеизвесниот тест за двете страни, вели Капело.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни