Лига на шампиони
Капело му постави непријатно прашање на Консеисао, тренерот на Милан ја објасни својата неочекувана одлука

Милан претрпе пораз на гостувањето во Ротердам и сега ќе брка минимална негатива на реванш плејофот против Феенорд, натпревар кој ќе се игра наредната недела на „Сан Сиро“.
„Росонерите“ не успеаја да постигнат гол кој ќе им ја олеснеше работата пред возвратниот натпревар со холандскиот тим, а италијанските експерти големо внимание обрнаа и на тактичката определба на Сержо Консеисао, кој за првпат реши да започне натпревар со четири напаѓачи во почетниот тим.
Консеисао ги стави во почетните 11 Леао, Хименез, Жоао Феликс и Пулишиќ, па Фабио Капело преку интервјуто за „Скај“ го запраша дали со тоа малку го потценил противникот во Лигата на шампиони.
– Никогаш не потценувам никого во фудбалот. Се подготвувавме за ова како за финале во Лигата на шампиони. Знам колку е тешко да се стигне до ова ниво. Бев играч, а веќе сум тренер 14 години, ги почитувам сите тимови подеднакво, и оние во пониските лиги, и оние во Лигата на шампиони.
– Секој може да биде идеален аналитичар во ретроспектива. Пред натпреварот мислев дека тоа е најдобро за нашиот тим, да играм со сите четворица играчи напред. Не заборавајте дека покрај тие четворица играчи, имаше уште седум на теренот. Јас сум тој кој треба да го пронајде потребниот баланс во тимот и морам да работам на тоа во периодот кој претстои, – изјави Консеисао.
-
Балкан19 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Италија22 часа
Наместо отказ, Јувентус побарал две работи од Мота до крајот на сезоната
-
Свет22 часа
Невидена глупост во Бугарија: Минута молк за фудбалер кој испадна дека е жив! (Видео)
-
Репрезентација21 час
Трогателна сцена од тренингот на Македонија: Обединети во тагата (Фото)
-
Свет20 часа
Хамес се смета за подобар од четири фудбалски легенди, вклучувајќи ги и Зидан и Модриќ: Во моите најдобри денови……
-
Шпанија18 часа
Непоразениот играч во тимот на Барселона: Набрзо ќе донесам одлука за мојата иднина
-
Балкан16 часа
Официјално: Вардар и Црвена Звезда ќе одиграат хуманитарен меч за трагедијата во Кочани! (Фото)
-
АТП19 часа
Ѓоковиќ доби тешка ждрепка и на Мастерсот во Мајами (Фото)