Поврзете се со нас

Италија

Капело му ја честиташе титулата на Интер

Објавено

на

Интер изминатиов викенд го победи Торино, а поразот на Милан сега значи девет бодови предност во однос на „росонерите“ и плус десет пред Јувентус, кој има натпревар помалку.

Искусниот италијански стручњак Фабио Капело вели дека триумфот над Торино ставил печат на шампионската титула на Интер.

– Веќе неколку недели велам дека Интер ја освои титулата, тоа го велам уште откако Милан загуби од Специја, но еве сега само да го потврдам.

– Мора да му честитаме на Конте, успеа да ја искористи втората година во работата со овој тим за да извлече заклучоци и да ја подобри играта. Тоа покажува дека е интелигентен тренер, – заклучува Капело.

Ако Интер ги исполни очекувањата на Капело, ќе ја освои титулата првпат по 2010 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни