Италија
Капело: Ми се гади од овој Милан, како се однесуваа…
Фабио Капело како играч и како тренер имаше успешни денови, периоди, години во Милан, клуб кој во последниве години се изгуби барајќи го патот кон успешноста, старата слава.
„Росонерите“ постојано прават промени, менуваат сопственици, директори, тренери, играчи, ама никако не успеваат да дојдат до посакуваната цел. Капело сите овие работи внимателно ги прати, а она што на него посебно не му се допадна е како сегашната управа се однесува кон двете легенди Звонимир Бобан и Паоло Малдини од кои веќе првиот повеќе не е дел од клубот.
-Како се однесуваа кон Бобан и Малдини, ми се гади од овој Милан. Како директори покажаа искреност која ја имаа и како играчи. Јас истото би го сторил како Бобан. Достоинството доаѓа пред сè друго, -истакна Капело кој кратко проговори и за автобиографијата на Џорџо Кјелини поради која се крена прашина во Италија.
-Многупати бараа да напишам книга, ми беа понудени големи суми. Не сакам да читам одредени работи. За мене фудбалот се игра, не се раскажува, -рече Фабио за „Кориере Дело Спорт“.
-
Англијапред 13 часа
Супер компјутер ја предвиде завршната табела во Премиер лигата (ФОТО)
-
Италијапред 12 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Светпред 22 часа
Бускетс за Меси и незадоволните фанови: Ние не сме машини или роботи…
-
Шпанијапред 12 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка
-
Англијапред 10 часа
Тен Хаг брутално искрен за играч на Јунајтед: Не беше на потребното ниво и го изгуби местото
-
Шпанијапред 20 часа
Барселона повторно покажа дефанзивни слабости и освои само бод против Мајорка (ВИДЕО)
-
Балканпред 24 часа
Играчите на Галатасарај подготвиле специјален пенал, Икарди се посрамоти за сите пари (ВИДЕО)
-
Англијапред 12 часа
Гвардиола искрен за една ѕвезда на Сити: Не успеав да го извлечам најдоброто од него