Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Капело: Лајпциг можеше да го победи Реал со 5-2

Објавено

на

Реал Мадрид излезе како победник од пресметката со РБ Лајпциг во Лигата на шампионите, но „кралевите“ во овој двомеч покажаа доста слабости кои некоја друга поквалитетна екипа дефинитивно ќе може да ги искористи.

Имено бундеслигашот имаше проблем со завршницата на акциите, создаде доволно можности на двата дуели, меѓутоа последниот удар не беше како што посакуваа и со конечни 2-1 (вкупни) го завршија настапот во елитното натпреварување. Фабио Капело внимателно го следеше дуелот во Мадрид и претходно тој во Лајпциг, па неговиот заклучок е дека „биковите“ ќе победеле со 5-2 ако го имале квалитетот на Реал.

-Лајпциг одигра одличен натпревар, доминираше и имаше неколку шанси, но не ги искористи. Играа добро до шеснаесетникот на Реал Мадрид и тука им недостигаше квалитет за победа. Немаа среќа и ја погодија стативата во последните минути. Реал Мадрид страдаше, а всушност и беше исвиркуван по првото полувреме.

-Ако тие [РБ Лајпциг] го имаа квалитетот на Реал Мадрид, ќе победеа со 5-2, -порачал дон Фабио за „Скај Спорт Италија“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни