Лига на шампиони
Капело: Лацио и Милан победија со тактиката на Алегри

Фабио Капело ги поздравил победите на Милан и Лацио од студиото на „Скај Спорт Италија“, потврдувајќи ја одличната вечер за италијанските клубови во Лигата на шампионите.
Поранешниот трофеен тренер ги ислушал изјавите на тренерите Маурицио Сари и Стефано Пиоли, а и двајцата посочиле дека решиле да го отстапат поседот на топка на противникот откако стигнале до предност.
– Лацио и Милан вечерва победија со тактиката на Алегри, – кратко забележал Капело, па продолжил со анализата на двата натпревара.
– Каде беше овој Милан изминатите недели? Одличен натпревар, Леао беше спектакуларен, но цел тим одигра одлично. „Сан Сиро“ беше спектакуларен од секој аспект, не 12, туку 13-ти играч за екипата.
– Лацио има проблем во нападот затоа што му недостасува Милинковиќ-Савиќ. Тој имаше квалитет и вештини со кои создаваше многу проблеми за противниците, затоа Лацио не може да ги повтори игрите од минатата сезона, – рекол Капело.
-
Италијапред 21 час
Тасоти посочи што треба да биде приоритет за Милан во зимскиот преоден рок: Тоа е од суштинско значeње
-
Англијапред 19 часа
Храбриот Лутон падна во 97. минута, Рајс е херојот на Арсенал (ВИДЕО)
-
Балканпред 21 час
Канаваро пред тренерски ангажман во Турција
-
Светпред 23 часа
Роналдињо: Мбапе може да ја освои „Златната топка“…
-
Светпред 6 часа
„Бомба“ од Шкотска: Селтик ќе урива трансфер рекорд за да го доведе Миовски!
-
Европски куповипред 21 час
Лазаров: Ова е историска победа, ќе продолжиме да работиме за доброто на македонскиот ракомет
-
Светпред 20 часа
Белингем: Сонувам, секој ден се плашам дека некој ќе ме разбуди
-
Шпанијапред 22 часа
Проблеми за Барселона: Тер Штеген оди на операција, Пења ќе го менува!