Капело: Јувентус направи топ зделка со продажбата на Погба

paul_pogba_juve

Славниот италијански стручњак, Фабио Капело верува дека Јувентус направил фантастична зделка со продажбата на Пол Погба во Манчестер Јунајтед.

Францускиот ас блескаше во дресот на „старата дама“, па со тоа се избори за втора епизода во Јунајтед кој за него во 2016 година одлучи да издвои тогаш рекордни 89 милиони фунти. Меѓутоа Пол во овие две години воопшто не се изнаигра во дресот на премиерлигашот и е далеку од спектакуларните партии кои ги прикажуваше во Торино за што редовно добива критики од фудбалските работници и медиумите.

Токму поради овој пат Капело смета дека Јувентус направил извонредна зделка и потег што успеал по таа цена да го продаде францускиот репрезентативец.

-Вистината е дека Погба правеше разликата во Италија, но не и во Англија или на репрезентативната должност. Тоа е затоа што со неговата физичка сила за нас изгледа невозможно да се контролира, но кога игра на друго место, тој станува нормален. Би кажал Јувентус направи извонредна зделка со неговата продажба по таа цена, -истакнал дон Фабио за „Медиасет Премиум“.

Facebook Коментари