Поврзете се со нас

Италија

Капело: Јас ја победив Барселона само поради една причина, Милан нема да го повтори тоа

Објавено

на

Foto:www.uefa.com

Фабио Капело доста често ги коментира најактуелните случувања во италијанскиот фудбал и дава стручни анализи на најдобрите тимови во Серија А, кои според него во моментов не е распоредени на табелата според реалниот квалитет на целосните ростери.

Искусниот стручњак смета дека Интер е класа за себе и дека го има најдобриот тим во Калчото, но затоа вели дека Милан треба да се запраша зошто има послаби резултати од Јувентус во домашното првенство.

– Интер е надвор од категорија кога е вредноста и квалитетот на тимот во прашање. Според мене, Милан има подобар тим од Јувентус, го има вториот најдобар тим во лигата. Сепак, многу играчи задоцнија со аклиматизацијата и затоа не верувам дека Милан ќе може да направи пресврт до крајот на сезоната.

– Милан има два тима пред себе, јас кога бев тренер на Реал направив пресврт, но ја имав пред себе само Барселона.

– Ја победив Барселона со пресврт, но го направив тоа само поради една причина. Барселона почна да спие и ние го искористивме тоа. Милан сега има два тима пред себе на табелата и нема да го повтори тоа, – смета Капело.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни