Шпанија
Капело: Јамал не може да биде Меси!

Фабио Капело стандардно ги коментира случувањата во италијанскиот фудбал и најчесто има резервирано критики за најголемите клубови во Италија, но за време на гала церемонијата по повод најавата на „Лауреус“ наградите кои ќе се доделат во месец април, легендарниот стручњак доби прашања и од новинари од други земји.
ШПанците ја искористиле блискоста со поранешниот тренер на Реал Мадрид за да му постават неколку прашања за состојбата во шпанскиот фудбал, а во прв план се наоѓаат неговите изјави за Килијан Мбапе и Ламин Јамал.
– Мбапе покажа дека е играч од светска класа. Потребни му беа три месеци за да сфати што значи Реал Мадрид. Многумина го критикуваа, но не успеаја да го помрднат од место. Се кажаа и глупости за неговата игра, но сега се гледа дека е врвен професионалец од највисока класа, – порачува Капело.
Втор на „менито“ му се најде Ламин Јамал, сензационалниот талент на Барселона кои многумина го споредуваат со Лео Меси.
– Ламин прави многу големи работи на своја возраст. Кога почна да игра за Барселона, се велеше дека тој е новиот Меси, но не може да стигне до Лео. Тој ја нема генијалноста на Меси, не може да биде како него. Тој е топ играч, но не е Меси, – потенцира Капело.
-
Шах21 час
Коментар: За собранието на ШФМ и загрозувањето на медиумската слобода
-
НБА14 часа
Добри вести за Лејкерс: Познато е кога Леброн се враќа на терените
-
Македонија17 часа
Гест за почит на клубот од Битола: Приходите од билетите од мечот Пелистер-Вардар ќе бидат наменети за семејствата на загинатите во Кочани
-
Англија22 часа
Манчестер Јунајтед следи двајца големи таленти за иста позиција
-
Свет17 часа
Винисиус Жуниор си ја бараше „бељата“, Рафиња реагираше и спречи глупост на сонародниот (ВИДЕО)
-
Репрезентација18 часа
Неверојатна ситуација на мечот на Македонија: Противнички играч бил заменет на полувреме, па повторно влегол и ја потврдил победата на Белорусија
-
АТП15 часа
Медведев повторно се „исклучи“ и доживеа елиминација на Мастерсот во Мајами
-
Формула 124 часа
Хамилтон по обезбеденото стартно место за спринтот во Кина: Шокиран сум