Италија
Капело ја критикуваше трансфер стратегијата на Рома, но застана во одбрана на Мурињо

Фабио Капело е последниот тренер кој и ја донесе шампионската титула на Рома во Серија А, но од тоа славје поминаа повеќе од две децении и клубот од престолнината веќе долго не бил ниту блиску до Скудетото.
Рома ја освои титулата со Дон Фабио во 2001-ва година, но последните најголеми достигнувања во домашното првенство се освоени втори места, а тоа беше случајот во 2014-та, 2015-та и 2017-та година.
Минатата сезона, Рома не избори топ четири пласман и загуби во големото финале во Лига Европа, а тимот засега не бележи прогрес и во новата сезона, што според Капело е производ на катастрофалната трансфер стратегија која ја има клубот.
– Не е мистерија дека Рома се коцкаше со неколку играчи во последните неколку години. Засега, можеме слободно да кажеме дека тоа не им донесе резултат. Лотаријата не им го донесе резултатот на кој се надеваа, – вели Капело кој без да именува фудбалери, јасно алудира на оние кои беа доведени и покрај лошатата историја со повреди како што е случајот со Ренато Санчес и Крис Смолинг.
– Не е до Мурињо, тој е вистинскиот човек за Рома. Неговото искуство во кариерата му помага да се справи во тешките ситуации кои му ги гарантира клубот. Тренер со такво искуство и харизма прави овие играчи на Рома да се чувствуваат уште покомотно на теренот, – изјави Капело.
-
Италијапред 23 часа
Таткото на Кварацхелија откри за кој тим сонува неговиот син: Сите во нашето семејство се нивни фанови
-
Македонијапред 18 часа
(ФОТО) Новиот автомобил на Иџе пристигна во Скопје
-
Италијапред 17 часа
Малдини откри како бил отпуштен од Милан и распали по првиот човек на клубот
-
Германијапред 9 часа
Нереален автогол: Голман на Хамбургер со „мајсторија“ која ќе ја памети до крајот на животот (ВИДЕО)
-
Конференциска лигапред 22 часа
Навивачите на Абердин го прекинаа мечот во Европа: Го гаѓаа противничкиот голман со снежни топки (Видео)
-
Шпанијапред 11 часа
Анчелоти го спореди Белингем со бразилска легенда: Изненаден сум од него…
-
Шпанијапред 22 часа
Анчелоти за играчот кој им се извинуваше на фановите на Реал: Тој што работи секогаш, нема потреба да го прави тоа (Видео)
-
Шпанијапред 20 часа
Флорентино и Чоло уловени во интересна конверзација: Ќе бидеш горд…… (Видео)