Италија
Капело издвои двајца играчи на Јувентус на кои Тудор мора да им помогне: Мора да игра…

Јувентус му се заблагодари на Тијаго Мота и на неговото место го назначи Игор Тудор, човек кој многу добро го познава клубот затоа што го носеше дресот на истиот, а потоа беше и дел од стручниот штаб на Андреа Пирло.
Ова е сериозен предизвик за Хрватот кој е без ангажман од минатото лето кога се раздели со калчолигашот Лацио.
Легендарниот Фабио Капело се има соочено со многу ситуации низ кариерата, па од свој агол посочи што Тудор ќе мора прво да направи во Јувентус.
-Јас би зборувал со тимот на многу искрен начин, нешто како: „Вие ме донесовте овде, сега да си помогнеме“. Со тоа се симнува маската и се покажува дека сите мора да бидат на иста страна. Тренерот не може сам да ги реши сите проблеми на тимот, особено кога нема многу време.
-Важното нешто на кое Тудор ќе треба да се фокусира е да го врати редот. На Јувентус му треба нормализирање. Имавме месеци на конфузија, премногу. Нејасни улоги на теренот, напаѓачи кои играат како бекови, капитени кои се менуваат од натпревар во натпревар. Вака да ја поставиме работата, ова беше тригодишен проект што требаше да се реализира за една година. Вистината е дека резултатите се секогаш важни, особено за клуб на највисоко ниво како Јуве, -вели Капело кој издвои две имиња кои треба да му бидат во фокусот на новиот предводник на тимот од Торино.
-Влаховиќ пред се. Тој игра во шеснаесетникот, напаѓач кој живее за голови. Мора да игра и да ја врати самодовербата. Потоа Јилдиз, тој има голем талент и многу карактер, -смета Фабио.
-
Шпанија14 часа
Барселона излезе со соопштение за повредата на Левандовски, познато е на кои натпревари сигурно нема да игра (Фото)
-
Англија18 часа
Ѕвезда на Астон Вила: Бев бесен за минутажата против ПСЖ и му го кажав тоа на Емери
-
Шпанија19 часа
Барселона му фати голем сеир на Реал по неверојатниот пресврт против Селта Виго (Фото)
-
Европски купови7 часа
Алкалоид го „тресна“ Рунар и си го отвори патот кон финалето на Европскиот Куп
-
Англија11 часа
Сарабија со мајсторија донесе историја за Вулвс на „Олд Трафорд“, Арсенал и Челси остварија победи на гостински терен (Видео)
-
Лига на шампиони18 часа
Фердинанд типуваше кои два тима ќе играат во финалето во Минхен и го потврди својот јасен фаворит за трофејот во ЛШ
-
Шпанија15 часа
Ансу Фати долго се загреваше, па целосно „експлодираше“ откако беше вратен на клупата за резерви (Видео)
-
Шпанија4 часа
„Бункерот“ на Билбао падна во 93 минута, Валверде со мајсторија го запали „Бернабеу“ (ВИДЕО)