Италија
Капело избра идеален ривал за Интер во осминафиналето во ЛШ

Италијанските тимови доживеаја вистински кошмар во прелиминарната нокаут рунда во Лигата на шампиони, бидејќи настапите во оваа рунда ги завршија Милан, Аталанта и Јувентус.
Тоа значи дека единствен италијански претставник на утрешната ждрепка за осминафиналето е Интер, па иако многумина прогнозираа осминафинале меѓу лутите градски ривали Интер и Милан, реалноста покажа дека „нераѕурите“ ќе одат на мегдан против холандски ривал.
Тимот на Симоне Инѕаги вкрстува во утрешната ждрепка со Феенорд или ПСВ, па останува да видиме со кој тим ќе се падне при извлекувањето во 12:00 часот.
Фабио Капело си даде за право да го избере идеалниот противник за Интер, заклучувајќи дека Феенорд е подобра од двете прифатливи опции за италијанскиот првак.
– Сметам дека Феенорд ќе биде полесен и идеален ривал за Интер. Табелата во Ередивизијата покажува дека Феенорд е зад ПСВ, а тоа не е случајност. Од тоа што го видов на двата натпревари на ПСВ против Јувентус, сметам дека тимот на Бош е поконстантен и има поголем квалитет. Исто така, на Феенорд му недостасуваат важни играчи и не сум сигурен колку од нив ќе се вратат за следната рунда, – вели Капело.
-
Игри на среќа23 часа
Евротип: Бомба од тикет за гигантска добивка
-
Свет23 часа
Роналдо со гол број 928, Ал Наср со победа пред своите гледачи (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони12 часа
Ван Бастен зазема страна: Не сум фан на Реал, ниту на Атлетико, но… (Фото)
-
Свет11 часа
Нејмар ќе почека за камбек во националниот тим, неговото место му припадна на играч на Реал
-
Англија23 часа
Галас за потегот на Артета: Тоа покажува дека не е тренер од светска класа
-
Италија8 часа
Виери го објасни својот избор за финале во ЛШ: Не сакам да му правам малери на Интер
-
Англија22 часа
Џонсон со изненадувачки премиерлигашки предизвик за Мурињо: Никогаш не се знае…
-
Германија21 час
Неверојатно, ама вистинито: Домаќините се радуваат на триумф во Бундеслигата по 19 натпревари (ВИДЕО)