Поврзете се со нас

Италија

Капело: Интер мора да промени две работи за да ја победи Фиорентина

Објавено

на

Foto:x.com/Inter_en

Интер претрпе тежок пораз од Фиорентина на одложениот натпревар кој се одигра на средина на минатата недела, па сега избраниците на Симоне Инѕаги сигурно ќе имаат голем мотив за реванш на новиот меѓусебен дуел во Серија А.

Згуснатата програма направи двата натпревари да се одиграат во период од неколку дена, со тоа што овој вечерва се игра на „Џузепе Меаца“.

Интер настрада на „Артемио Франки“ и претрпе пораз од 3:0 во едно крајно неубедливо издание, а Фабио Капело сега го советува Инѕаги дека мора да промени две нешта за вечерашниот дуел.

– Интер мора да ја забрза играта и да има чести промени во темпото на игра, тоа ќе биде клучно за нив. Мора да ја раздвижи одбрната на противникот.

– Ако не го направат тоа, тимот на Инѕаги ќе ги има истите проблеми од четвртокот. Ако не се промени ништо, ќе имаат големи потешкотии да победат, – порачува Капело.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни