Поврзете се со нас

Италија

Капело импресиониран од реновираниот среден ред на Италија, но тврди дека еден играч е клучен

Објавено

на

Foto:x.com/Azzurri_En

Лучано Спалети направи неколку промени во стартната постава на Италија по големото разочарување на Европското првенство, но посебно го реновираше средниот ред кој беше целосно изменет во споредба со оној пред два месеци.

Во отсуство на Барела, Кристанте, Фаџоли и Жоржињо, на гостувањето кај Франција во стартниот тим се најдоа повратниот Сандро Тонали, Давиде Фратези и Самуеле Ричи кој првпат беше стартер за „аѕурите“, а токму овој млад и динамичен среден ред направи голема разлика на „Паркот на принцовите“ и собра многу пофалби во јавноста.

Спалети очигледно воочи дека бавната и неинвентивна игра на турнирот во Германија се должеше пред се поради лошиот среден ред, а Фабио Капело е убеден дека селекторот сега се вратил на вистински пат со направените измени во почетните 11.

– Според мене, враќањето на Тонали во тимот беше клучно. Со него, Фратези и Ричи, средниот ред е далеку подинамичен.

– Потребен ни беше овој среден ред на Европското првенство, млади играчи со желба за докажување. Беше евидентно дека на Жоржињо му недостасуваше интензитет на турнирот во Германија, – потенцира Капело.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни