Поврзете се со нас

Италија

Капело го процени потенцијалот на Дибала во Јувентус оваа сезона

Објавено

на

Јувентус ги интензивираше преговорите со Пауло Дибала и се обидува што поскоро да го официјализира продолжување на договорот со Аргентинецот.

Додека раководството преговара со агентот на Дибала, Фабио Капело коментирал на тема што значи Дибала за Јувентус и колку може да го подигне нивото на екипата на Макс Алегри.

– Најважно за Дибала е да нема проблеми со повреди, нешто што го мачеше минатата сезона.

– Ако е фит, Дибала има квалитет, креативност и потенцијал да го подигне нивото на Јувентус.

– Дибала има одреден број голови во своите нозе, може да стигне и до 26 голови како во својата најдобра сезона, но тоа зависи и од другите во тимот. Не може ништо да направи сам, – изјавил Капело.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни