Поврзете се со нас

Италија

Капело го предупредува Јувентус за еден играч: Немојте да го продавате, знам што се случи…

Објавено

на

Јувентус прави сериозни промени во играчкиот кадар и ја освежува екипата која во новата сезона ќе ја води Тијаго Мота.

Некои играчи се веќе договорени, некои се уште се желба и се преговара, но повеќе од јасно е дека „старата дама“ ќе изгледа сосема поинаку во следната кампања. „Бјанконерите“ во исто време се ослободуваат од дел од фудбалерите кои досега го носеа нивниот дрес, поточно најавени се уште заминување меѓу кои и она на Федерико Киеза.

Се споменуваат повеќе опции, а една е можна размена со Рома во која би биле вклучени повеќе играчи. Се говори за Стефан Ел Шарави, Тами Ејбрахам, но и за Матијас Суле кој би бил вклучен во одредена операција, зделка.

Легендарниот Фабио Капело го предупредува Јуве во однос на Суле за кого смета дека не смее да биде продаден.

-Сакам играчи со квалитет и креативност и би размислил двапати пред да продадам некој како Суле. Во секој случај, не би го продал на Рома или на која било друга италијанска екипа, а тоа го велам затоа што знам што се случи со Едгар Давидс.

-Тој не се прилагоди добро во Милан, но сите знаевме дека е одличен играч од средниот ред. Сакавме да го продадеме на странски клуб, но на крајот премина во Јувентус, па жалењето беше двојно, -истакна дон Фабио.

Суле има 21 година и од 2023 година беше испратен на позајмица во Фрозиноне каде имаше добри изданија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни