Репрезентација
Капело го посочи најголемиот проблем на Италија: Македонија ни направи големи проблеми со пресинг, Спалети мора да се врати на почетоците!

Фабио Капело е еден од најпознатите италијански стручњаци кои редовно се дел од ТВ студијата на телевизиите на Апенините, а како тренер кој ужива огромен респект и од колегите, си даде за право да испрати совет до Лучијано Спалети.
Дон Фабио направи кратка анализа на мечот кој се одигра во саботата во Скопје и заклучи дека Македонија и направила огромни проблеми на Италија со пресинг, па реши да го советува Спалети да се врати на почетоците кои беа одлика за фудбалот на чизмата.
– Реалноста е дека ние веќе не сме научени да играме брз и физички фудбал како некогаш. Доказ за тоа е натпреварот во Скопје. Имавме проблеми да се справиме со пресингот на Македонија.
– Во такви ситуации, не размислуваме доволно добро и брзо, а причина за тоа е состојбата во Серија А. Нашата лига се подобри изминатите години поради странските фудбалери кои дојдоа, а не поради домашните.
– Спалети има важна работа пред себе, мора да се врати на почетоците и да ја пронајде дефанзивната покриеност за која бевме најдобри. Само така ќе се вратиме на вистинскиот пат, со цврста одбрана и организирана игра. Исто така, на мечот со Македонија забележав дека нашите напаѓачи беа премногу статични во противничкиот шеснаесетник, – вели Фабио во изјава за „Газета“.
-
Шпанијапред 11 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Англијапред 12 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Англијапред 24 часа
Њукасл го исфрли Сити од Лига Купот, нова „два во еден“ партија на Ливерпул (ВИДЕО)
-
Италијапред 15 часа
Инѕаги го поздрави противникот кој го потопи Интер: Постигна страшен гол (Видео)
-
Италијапред 23 часа
Кварацхелија конечно стави крај на црната серија: Ми фалеше ова чувство…(ВИДЕО)
-
Англијапред 15 часа
Познати се паровите за 4.рунда во Карабао Купот: Дербито се игра на „Олд Трафорд“, Арсенал го очекува уште еден соседски предизвик (ФОТО)
-
НБАпред 12 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Италијапред 14 часа
Гарсија за потресот во Неапол наречен „Виктор Осимен“: Можам да кажам само едно