Поврзете се со нас

Италија

Капело го подбра Ибра: Треба да направите вино од грозјето што сте го набрале

Објавено

на

Златан Ибрахимовиќ доби неколку прозивки изминатиов период за функцијата која ја извршува во Милан, но легендарниот Швеѓанец најдрско му одговори на Звонимир Бобан кој во јавноста истакна дека не разбира каква улога има поранешниот напаѓач.

Хрватот испровоцира жесток одговор од Ибра во негов карактеристичен стил, но во низата препукувања сега се вклучи и Фабио Капело кој застана на страна на Бобан.

– Ете дури и на Бобан не му е јасна мојата улога во клубот. Таа е едноставна и подразбира многу разговори. Јас сум главен, јас сум шеф и сите работат за мене. Нема глувци во екипата, тие се околу неа, – изјави Ибрахимовиќ, кој сега доби порака и од искусниот Капело.

– Кога берете грозје, мора да направите вино од тоа што сте го набрале. Во оваа ситуација, луѓето од Милано мора да ги прашаме кој е задолжен за стратегијата на трансфер пазарот. Ибра рече дека тој е главен, па тогаш мора да преземе и некоја одговорност за ситуацијата во клубот.

– Милан ја освои титулата со Пиоли, а наместо да ги задржи темелите, почна да ги уништува. Изминативе две години потпишаа голем број офанзивци, а не донесоа играчи за врска и класичен центарфор. Алваро Мората е сосема друг тип на играч од Жиру, затоа тренерот мора да прави и тактичка промена. Во Милан гледам 11 играчи кои се раштркани на теренот, не изгледаат како тим. Така беше и минатата сезона, – вели Капело.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни