Поврзете се со нас

Италија

Капело го нападна арогантниот Спалети: Се вклучува алармот кога во националниот тим нема играчи од два големи клуба!

Објавено

на

Foto:twitter.com/sscnapoli

Фабио Капело направи опсежна анализа на италијанското фијаско на Европското првенство, издание кое никој не сакаше да го замисли после големиот ентузијазам кој се создаде по ангажманот на Лучано Спалети.

Човекот кој му ја донесе историската шампионска титула на Наполи беше пречекан како спасител во националниот тим, но десет месеци подоцна е мета на критичарите и добива многу замерки за начинот на кој го водеше тимот, но и начинот на кој се однесуваше кон новинарите.

Капело беше брутално искрен и заклучи дека Спалети треба да сноси голем дел од вината, заклучувајќи дека Лучано бил арогантен на турнирот во Германија.

– Спалети го подготвуваше тимот со формација со пет дефанзивци, а на Европското првенство играше со одбрана со четворица. Тоа предизвика конфузија, особено кај играчите. Џака правеше што сака во средниот ред на мечот со Швајцарија, се виде дека Жоржињо и Фаџоли го немаат квалитетот на Лоботка на кој навикна во Наполи. Сепак, кога е во прашање Спалети, ќе употребам само еден збор. Ароганција! Тој беше арогантен на овој турнир.

– Против Шпанија, Спалети се однесуваше како да води клуб. Излезе на теренот со помисла, ќе ја играме нашата игра, да видиме кој е подобар. Излезе со четворица дефанзивци против најдобрите крила во Европа и сите видовме кој е подобар. Швајцарија изгледаше како тим против нас, се жртвуваат за тимот, а јас не го видов тоа кај нас, – вели Капело, кој извлекува уште една интересна поента од катастрофалното издание.

– Кога речиси нема играчи на Милан и Јувентус во стартната постава, тоа значи дека треба да се вклучи алармот во Италија. Ако тие два клуба немаат играчи вредни за националниоот тим, тогаш имаме голем проблем. Нема да ја коментирам одлуката на Лучано да остане како селектор, но не сум оптимист за нашата иднина. Тој е одличен како клупски трернер, но мора да се поправи како селектор. Тоа се сосема различни работи, кога сте селектор, треба да бидете регрутер. Треба да ги регрутирате сите најдобри играчи од различни лиги во светот, – завршува Капело.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни