Поврзете се со нас

Италија

Капело го издвои најимпресивниот тренер во Серија А

Објавено

на

Фабио Капело редовно дава свои експертски коментари за случувањата во Серија А и редовно ги коментира натпреварите кои се играат од коло во коло, но во последната колумна за „Газета“, легендарниот стручњак реши во прв план да го стави Тиаго Мота.

Младиот стратег добива огромни пофалби од цела јавност за работата која ја врши Болоња и се смета дека неговиот тим го игра најубавиот фудбал во италијанската елита, а доказ за тоа е и позицијата на табелата (петти) која вели дека составот од „Ренато Далара“ ќе се бори за пласман во Лигата на шампиони.

– Најтешката работа е да се игра едноставен фудбал. Тиаго Мота не комплицира и не објаснува премногу работи за фудбалот, тој едноставно го спроведува на теренот. Тој беше практичен и ефикасен како играч за врска, а истото го прави и на клупата. Сметам дека е најимпресивен во Серија А. Го сакам карактерот на Болоња, зад нивните резултати се крие јасна тактичка идеја.

– Поседот на топката не е стерилен, секогаш одат напред и бараат човек во нападот. Мота бара од своите играчи да имаат храброст на секој дел од теренот и бара од нив да преземат одговорност. Да бидете играч за врска не е гаранција за успех, но тоа се почесто е случај. Кога мислам на Тиаго, се навраќам и на Пеп Гвардиола и Чаби Алонсо.

– Мота беше трениран од Анчелоти, исто така и од Мурињо и од Гасперини. Има земено нешто од сите свои учители и ја доработил нивната идеја. Ја има филозофијата на Анчелоти, а желбата на Гасперини да доминира на натпреварите. Од друга страна, неговото менаџирање ме потсетува на Мурињо. Исто така, во својата кариера играше за топ клубови како Барселона, Интер и ПСЖ. Поради се ова што го набројав, убеден сум дека е подготвен за следниот чекор во кариерата. Не знам што го чека во иднина, но нема да погрешни ниту еден италијански или европски топ клуб кој планира да го доведе во своите редови, – порачува Капело.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни