Поврзете се со нас

Италија

Капело го испофали Тудор, Јувентус го опиша на оригинален начин (Фото)

Објавено

на

Игор Тудор за краток временски интервал успеа да ги освои симпатиите меѓу навивачите на Јувентус, но што е уште поважно за него, методите кои ги употребува наидуваат на поздрав и од стручите аналитичари кои знаат да бидет посебно критички настроени кога е во прашање великанот од Торино.

Хрватскиот стручњак отпатува повеќе од 1000 километри со својот автомобил за да стигне од Сплит до Торино на потпис со „старата дама“, а откако освои седум бода на првите три меча како тренер на првиот тим, Јуве успеа да се врати и во топ четири на табелата.

Целта на Јуве е да остане на местото кое води во Лигата на шампионите во преостанатите шест кола до крајот на сезоната, но според Фабио Капело, Тудор успеал да направи многу поважна работа во првите две недели како предводник на тимот.

– Кога дојде Хрватот во Јувентус, како да заѕвони училишното ѕвоно во Торино. Ефектот на Тудор се чувсттвува и тоа веќе е реалност. Навистина сум фасциниран од него, но најважно од се е тоа што играчите го сакаат новиот тренер. Борбата за Лигата на шампиони се уште е далечна цел, има уште многу за игра, но за неполни 20 денови, новиот тренер веќе направи огромен подвиг со враќањето на неколку играчи.

– Покрај тоа што освои седум бода на три натпревари, тој им даде поголема слобода на одредени поединци. Тудор го познава Јувентус и веднаш донесе одлуки кои му одговараат на тимот, но и клубот. Сите најдобри играчи сега се доле на теренот, почнувајќи од Влаховиќ, па се до Јилдиз. Игор не измисли магична формула, но покажа дека има клучни вештини за да води голем клуб, а тоа е здрав разум и практичност, – потенцира Капело.

По ваквата изјава на Дон Фабио, со оригинален коментар се јави и Јувентус на социјалните мрежи.

– Од Сплит до Торино. Од воин до лидер. Игор Тудор – еднаш борец, секогаш борец, – гласи објавата на Јувентус.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни