Поврзете се со нас

Италија

Капело го идентификуваше главниот проблем на Јувентус: Мота требаше…

Објавено

на

Јувентус ја загуби битката со ПСВ Ајндховен и доживеа елиминација од Лигата на шампионите со што им се приклучи на Милан и Аталанта кои исто беа нокаутирани во оваа плејоф рунда во натпреварувањето.

„Старата дама“ за разлика од двата ривали од Калчото, издржа повеќе, имаше можност преку продолженија да продолжи во ЛШ, но ПСВ со гол во првите 15 минути дојде до 3-1, резултат кој на крајот се покажа како доволен за добивање на битката.

-Видовме доказ дека нашата Серија А се мачи со високото темпо на европскиот фудбал. Од оваа перспектива, нашата лига се чини дека направи чекор назад по напредокот што го направивме во 2023-2024 година, -истакна легендарниот Фабио Капело кој го идентификуваше главниот проблем на Јувентус во дуелот со ПСВ.

-Пред сè тешкотијата да се остане во чекор со интензитетот на противниците беше очигледна. ПСВ практично никогаш не ја враќаше топката на голманот, никогаш не играше наназад, туку секогаш одеше напред, дури и кога водеше. Нашите тимови не се навикнати на ваков притисок.

-Ми се допаднаа „бјанконерите“ во првите 45 минути; притискаа многу, држејќи го ПСВ далеку од голот на Ди Грегорио. Но, заморот почна да се покажува на почетокот на второто полувреме. Јуве потроши многу енергија, а само десет минути по паузата како веќе да трчаа во празно. Можеби Тиаго Мота можеше да дејствува порано со замените. Тој разговараше 10 минути со неговиот помошник пред да направи измени.

-Главните проблеми на Јуве беа во средниот ред, кога тимот веќе не можеше да притиска, дозволувајќи му на холандскиот тим повеќе простор. Затоа Мота требаше да направи промени порано, можеби да го внесе Тирам за да го освежи средниот ред, -истакна Капело за „Газета Дело Спорт“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни